| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија со бодликава жица се брани од имигранти

imigrantiБугарија постави ограда од бодликава жица на својата јужна граница за да го спечи приливот на илегални имигранти.

Бодликавата жица долга 33 километри, а висока три метри завршена денеска, го намали бројот на илегални имигранти од 2.000 на 300 луѓе месечно.

Во Бугарија минатата година пристигнаа 11.600 бегалци, првенствено од Сирија, а бројот на баратели на азил десетпати се зголеми во споредба пред војната во Сирија.

Со бодликавата жица се обезбедува дел од границата со Турција долга 275 километри. Организациите за заштита на човековите права ја критикуваат Бугарија и другите земји-членки на Европската унија поради оневозможувањето на пристап до нивната територија на загрозените луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top