| четврток, 6 декември 2018 |

Кина и Македонија ќе ја поттикнуваат меѓусебната економска соработка

pesevski i kina

– Проектите за изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, кои се во фаза на реализација и каде се ангажирани кинески компании, беа тема на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија, Зеншун Вен.
На средбата, информираат од Кабиентот на вицепремиерот, станало збор и за потенцијалните инвестиции во енергетските проекти.
Двете страни изразија желби за понатамошен поттик за промоција на инвестициите, економската соработка помеѓу двете земји и зголемување на трговската размена.
Вицепремиерот му посака добредојде на новиот амбасадор, со желби за успех во работата и продолжување на успешната работа на неговите претходници, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот.
Соговорниците, според соопштението, ги поздравиле билатералните односи помеѓу двете земји и повеќегодишното пријателство одбележано со динамична успешна соработка, потенцирајќи ја трговската размена со НР Кина.
Народна Република Кина е значаен трговски партнер која во последните неколку години постојано се наоѓа на листата на 20. земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Во 2013 година е на 8. место со 4,4-процентно учество во вкупната трговска размена на нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top