| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово преголем залак за грчка Кавала

Куманово е преголем залак за грчка Кавала и остана неосвоена тврдина во БИБЛ-лигата, по вечерашната победа од 94-92.

Нашите кошаркари немаат пораз на свој терен и во драматичен финиш, пред 5 илјади фанатични навивачи го одбранија кумановскиот бастион.

Македонскиот репрезентативец, Димчевски, со 23 поени беше најпрецизен, а Луковиќ имаше дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скокови.

Клучни во финишот, беа слободните фрлања на Костоски, кој погоди трипати и беше блиску до трипл-дабл, со ефект од 14 поени, 8 асистенции и 7 скокови.

Со овој триумф, Куманово направи уште еден чекор напред, кон обезбедување на учество на завршниот турнир. Таму ќе бидат најдобрите четири тима, што моментно се натпреваруваат во Топ-6 фазата.

Гостите од Грција губеа и со двоцифрена разлика, но имаа шанса да израмнат, па дури и да победат во трилер завршница. Сепак за среќа на кумановци, го прокоцкаа последниот напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top