Најновото истражувањe покажа дека делењето на креветот на родителите со бебињата е најголем фактор за ризик од смрт кај новороденчињата.
Бебињата во никој случај не би требало да спијат во кревет со родителите, тврдат експертите. Спроведената студија покажа дека за бебињата до четири месеци тоа е најголем фактор за ризик од смрт во текот на спиењето, додека кај постарите бебиња најголема опасност претставуваат перницата и ќебето, во кои може да се вовлечат.
Податоците, кои се користени во истражувањето се собрани во американскиот Национален центар за превенција од смрт кај децата. Истражувачите ги анализираа податоците за 8.207 смртни случаи кај бебињата.
Според тие податоци, делењето на креветот со родителите е виновник за 70 отсто од случаите на ненадејна смрт кај бебињата, тврди педијатарот Рејчел Мун.
– Кога станува збор за бебиња на возраст меѓу четири месеци и една година, тие би требало да спијат на кревет без перница, ќебе…, велат експертите.
Тие советуваат бебињата да спијат во иста соба со родителите, но никакво во ист кревет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


