| четврток, 6 декември 2018 |

Избран новиот состав на заедничкиот мешан комитет на Европскиот парламент и македонското Собрание

Европскиот парламент денеска го усвои предлогот за назначување на членовите на меѓупарламентарните делегации, меѓу кои и заедничкиот мешан комитет на Европскиот парламент и македонското Собрание, даден од
Конференцијата на претседателите на Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

evroparlament-evrospki-parlament-685x320

Од групата на народните партии се предложени Ивана Малетиќ (Хрватска) Алојз Петерле (Словенија), Маријана Петир (Хрватска) и Марија Спираки (Нова демократија – Грција). Од групата на Социјалистите и демократите се предложени Билјана Борзан (Хрватска), Изабела Де Монте (Италија) и Сергеј Станишев (Бугарија).

Од бугарските европратеници како член на делегацијата е предложен Ангел Џамбазки од групата на европските конзервативци и реформатори. Од групата на либералите исто така е предложена една бугарска европратеничка Искра Михајлова.

Обединетата левица нема сѐ уште предложено свој кандидат, исто како и групата на Европа на слободите и директна демократија.

Од групата на зелените и Слободната европска алијанса за член на делеагцијата е предложен германецот Микаел Крамер. Додека од групата на незапишаните европратници е грчкиот комунист Сотирос Зарианопулос со потекло од Солун.

Претседателот на делегацијата ќе биде избран во септември или октомври, а најчесто за оваа функција се споменува името на словенечкиот европратеник Алојз Петерле.

Исто така, како можен известувач за напредокот на Македонија во Комисијата за надворешни работи се споменува британскиот лабурсит и досегашен известувач Ричард Ховит. Имено, во оваа комисија се подготвуваат извештаите и резолуциите за напредокот на Македонија, како земја-кандидат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top