Еднострано замрзнување на договорот за намалување ба стратешкото вооружување СТАРТ- 3 и на договорот за транзит низ Русија на стоката за НАТО во Авганистан, бара пратеникот од Државната дума Леонид Калашиков како одговор на санкциите од САД.
САД вчера најавија дополнителни санкции против руски и украински физички и правни лица поради ситуацијата во Украина.
– Со Американците треба да разговараме само од позиција на сила. Треба да го преиспитаме договорот СТАРТ-3 и условите на авганистанскиот транзит и да ги замрзнеме тие договори. Треба да се разгледаат сите опции, изјави Леонид Калашиков, член на раководството на надворешнополитичката комисија во руската Дума.
Според Калашников, активностите на САД во врска со Украина не се насочени кон нормализирање на ситуацијата во оваа земја, туку целта е да се постигне меѓународна изолација на Русија.
-Украина е само алка од американската политика против Русија. Санкциите ќе беа наметнати дури и ако Русија подигнеше ѕид долж границите со Украина, коментира пратеникот. Европа положува сметка на САД за нејзината политика, и е принудена да се прилагодува на политика на САД. Останува да се надеваме дека економските
односи со Русија нема да и дозволат на Европа да прави неразумни чекори, додава Калашников.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



