| четврток, 6 декември 2018 |

Со насилство против волјата

Ма­ке­до­ни­ја е пред устав­ни из­ме­ни. Ќе го де­фи­ни­ра бра­кот ка­ко за­ед­ни­ца ме­ѓу маж и же­на. Всуш­ност, Ма­ке­до­ни­ја ќе се оби­де устав­но да ги за­чу­ва вред­но­сти­те на ова оп­штес­тво пред на­ле­тот на на­сил­но на­мет­ну­ва­ње вред­но­сти кои за­се­га се и прем­но­гу ту­ѓи. И тоа на на­чин кој ни мал­ку не до­ли­ку­ва на де­мо­крат­ско раз­би­ра­ње на раз­лич­но­сти­те

Aktuelno97-1

Но­ви­от свет­ски по­ре­док тре­ба­ше да се ба­зи­ра на то­ле­ран­ци­ја, раз­би­ра­ње и по­чи­ту­ва­ње на раз­лич­но­сти­те, и, се­ка­ко, по­чи­ту­ва­ње на чо­ве­ко­ви­те пра­ва. Но, на т.н. ре­ал­ни шо­уа на свет­ски­те те­ле­ви­зии, кои мо­же да се сле­дат со ма­ке­дон­ски пре­вод, до­ми­ни­ра­ат еми­сии на кои јас­но и глас­но се ис­ме­ва­ат тие што и де­лум­но се по­раз­лич­ни. На­мет­на­та­та отво­ре­ност се пре­тво­ри во уни­фор­ми­ра­ност и пот­пол­на не­то­ле­ран­ци­ја кон сè што има ба­рем мал­ку по­и­на­кви по­и­ма­ња за на­чи­нот на кој са­ка да жи­вее.

Таа лаж­на отво­ре­ност и ме­ну­ва­ње на све­ста кај јав­но­ста е од­лич­на под­ло­га за на­ве­ду­ва­ње и пре­диз­ви­ку­ва­ње бес и на­силс­тво кон по­и­на­кви­те до сте­пен на оз­лог­ла­се­ни­от џи­хад. Но, ако За­па­дот и кул­тур­ни­от им­пе­ри­ја­ли­зам ви изг­ле­да­ат да­леч­ни, до­вол­но бли­ски се средс­тва­та што ги ко­ри­сти до­маш­на­та по­ли­тич­ка опо­зи­ци­ја во сво­е­то дејс­тву­ва­ње. Слич­на на те­ле­ви­зи­ски­те са­пу­ни­ци – хит на свет­ски­те те­ле­ви­зи­ски ста­ни­ци.

Aktuelno97-2

 

Да­ле­чин­ски упра­ву­вач на мис­ле­ње­то

Три­е­се­тго­диш­на про­фе­сор­ка на фа­кул­тет од САД не обр­ну­ва го­ле­мо вни­ма­ние на „све­тот на мо­да­та“. Сле­деј­ќи го те­кот на сво­ја­та про­фе­си­о­нал­на опре­дел­ба, гле­да тоа што го об­ле­ку­ва да би­де во склад со по­тре­би­те. Се­ка­ко, во таа на­со­ка се и фри­зу­ра­та, очи­ла­та и чев­ли­те. Шмин­ка­та и тоа што се истак­ну­ва ка­ко нај­по­год­но, се­кса­пи­лот, таа ги за­ме­ни­ла за ду­хов­но и про­фе­си­о­нал­но воз­диг­ну­ва­ње.

Но, не, неј­зи­ни­те при­ја­те­ли ја при­ја­ву­ва­ат во ТВ-еми­си­ја, во ре­ал­но шоу, во кое два­е­сет по­рот­ни­ци ја де­фи­ни­ра­ат ка­ко не­уг­лед­на, не­прив­леч­на, не­се­кса­пил­на, же­на што ни­кој не би ја пог­лед­нал или вред­ну­вал. Неј­зи­ни­от шок го на­до­пол­ну­ва­ат во­ди­те­ли­те кои ве­лат де­ка за­тоа е са­ма и за­тоа ја на­пу­штил дол­го­го­диш­ни­от свр­ше­ник.

По­го­ду­вај­ќи ја емо­тив­на­та ли­ни­ја во ка­ра­кте­рот – оса­ме­но­ста, про­фе­сор­ка­та за мо­мент ги на­пу­шта си­те вред­но­сти на неј­зи­ни­от жи­вот и се под­ло­жу­ва на комп­лет­на из­ме­на. Гар­де­ро­ба, опе­ра­ции на очи, за­би, дви­же­ње, шмин­ка. Ма­не­кенс­тво­то ја за­ме­ни на­у­ка­та, ви­со­ки­те пот­пе­ти­ци ги за­ме­ни­ја кни­ги­те, а го­ли­те ко­ле­ни­ци и дла­бо­ко­то де­кол­те на­уч­ни­те те­о­рии. Уни­фор­ми­ра­ни­от секс ја за­ме­ни на­уч­на­та мис­ла. Про­фе­сор­ка­та со сол­зи-ра­дос­ни­ци ги слу­ша но­ви­те кри­ти­ча­ри од ули­ца – се­га е при­фа­те­на од око­ли­на­та, се­га не се раз­ли­ку­ва од дру­ги­те, се­га и се­мејс­тво­то не се „сра­ми“ од неа за­тоа што би­ла по­све­те­на на на­у­ка­та, а не на вред­но­сти­те на ме­ди­о­кри­тет­ско­то аме­ри­кан­ско оп­штес­тво.

Та­кви­те те­ле­ви­зи­ски еми­сии зе­ма­ат сè по­го­лем за­мав. На­ви­дум не­ви­на­та агре­си­ја ши­ри сè по­го­ле­ма не­то­ле­ран­ци­ја кон „по­и­на­кви­те“, кон оние што има­ат по­и­на­ков став или на­чин на жи­вот, или, по­точ­но, кон тие што са­ка­ат да ги за­чу­ва­ат автен­тич­ни­те вред­но­сти. Та­кви­те еми­сии са­мо ја по­тко­ву­ва­ат јав­но­ста, од­нос­но гра­дат пот­пол­на не­то­ле­ран­ци­ја кон тие што има­ат ба­рем тро­шка по­и­на­ков на­чин на при­фа­ќа­ње на све­тот око­лу се­бе. И сè би би­ло тол­ку ед­но­став­но и на­ив­но до­кол­ку по­тоа таа убе­де­ност во ис­прав­но­ста на на­чи­нот на жи­вот во за­пад­на­та де­мо­кра­ти­ја не е во спро­тив­ност со ос­но­ва­та на де­мо­кра­ти­ја­та – по­чи­ту­ва­ње на тие што раз­мис­лу­ва­ат по­и­на­ку.

 

Кул­тур­ни­от им­пе­ри­ја­ли­зам во по­ли­ти­ка­та

Ко­ре­нот на ме­ди­ум­ско­то кре­и­ра­ње на тоа што е, а што не е ис­прав­но ле­жи ток­му во гра­де­ње­то на кул­тур­ни­от им­пе­ри­ја­ли­зам ко­га за­пад­на­та стра­на – по­бед­нич­ка во Вто­ра­та свет­ска вој­на – вле­зе во су­дир со дру­га­та по­бед­нич­ка стра­на – источ­ни­от блок, пре­ку зо­ни на вли­ја­ни­ја и на­мет­ну­ва­ње на сво­јот на­чин на жи­ве­е­ње. Пр­вич­но пре­ку му­зи­ка­та и со­да-пи­ја­ла­ци­те, зо­на­та на вли­ја­ние и на­мет­ну­ва­ње на­чин на жи­ве­е­ње пре­ку мас-ме­ди­у­ми­те се кре­и­ра­ше и со ли­ко­ви ка­ко все­ле­не­цот Алф или ка­пи­та­ли­стич­ки­те им­пе­ри­ја­ли­сти од аме­ри­кан­ски­от Те­ксас. Тие на­бр­гу беа за­ме­не­ти со се­рии во кои нај­транс­па­рент­но се наг­ла­су­ва­ат двај­ца­та ма­жи-со­се­ди кои одг­ле­ду­ва­ат де­те, при­тоа ка­ко слу­чај­но се про­мо­ви­ра от­пу­ште­на ат­мо­сфе­ра ко­ја ја соз­да­ва­ат лес­ни­те опој­ни дро­ги.

И пак слу­чај­но, отка­ко до­маш­на­та (за­пад­на) јав­ност ја по­при­ми таа сли­ка на со­вре­ме­но­то оп­штес­тво, исто­по­ло­ви­те бра­ко­ви и ма­ри­ху­а­на­та беа ле­га­ли­зи­ра­ни во САД, а бра­нот ги за­фа­ти и за­пад­ни­те оп­штес­тва. Всуш­ност, ма­ти­ра­ни од свет­ска­та кри­за, за­пад­ни­те еко­но­мии мо­раа да по­ка­жат пред гла­са­чи­те ис­прав­ност и на­пред­ност на „сво­јот на­чин“. При­тоа да се кре­и­ра но­ва про­гре­сив­на ви­зи­ја во све­тот нас­про­ти те­ми­те ка­ко што се крах на бер­зи­те за нед­виж­ни­ни, бан­крот на не­ко­гаш нај­го­ле­ми­от цен­тар на аме­ри­кан­ска­та авто­мо­бил­ска ин­ду­стри­ја, но­во во­е­но „заг­ла­ву­ва­ње“ на Бли­ски­от Исток.

Те­ми­те ка­ко де­мо­кра­ти­ја и чо­ве­ко­ви пра­ва, со ак­цент на се­меј­ни­те вред­но­сти, до­ми­нант­ни во осум­де­сет­ти­те и во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век во САД го до­жи­ве­а­ја вр­вот со из­бо­рот и ре­из­бо­рот на пр­ви­от афро­а­ме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел. На­мет­на­та­та ит­ност од по­ка­жу­ва­ње цвр­сти­на на оп­штес­тво­то не бе­ше по­треб­на мно­гу за то­ле­ран­ци­ја­та – ина­ку ос­но­ва на ли­бе­ра­лиз­мот и де­мо­кра­ти­ја­та – да би­де за­ме­не­та со агре­си­ја. На­ме­сто се­меј­ни­те вред­но­сти, се­га на ме­ди­у­ми­те се до­ми­нант­ни агре­сив­но­ста кон раз­лич­но­сти­те на „аме­ри­кан­ски­от на­чин на жи­вот“ ка­ко мо­дел на со­вре­ме­на­та ци­ви­ли­за­ци­ја и вред­но­сти. И тоа мо­ра да се по­чи­ту­ва и вред­ну­ва без ни­ка­ква де­ба­та или по­го­вор во на­со­ка на за­чу­ву­ва­ње на раз­лич­но­сти­те или на спро­тив­ста­ве­ни­те мис­ле­ња. И по­втор­но – ос­но­ва­та на де­мо­кра­ти­ја­та.

Во еко­ном­ски ис­цр­пе­на­та Европ­ска уни­ја та­кви­те трен­до­ви, ве­ќе ис­пи­та­ни на аме­ри­кан­ски те­рен, са­мо се ко­пи­ра­ат без при­тоа да се зе­мат пред­вид кул­тур­ни­те вред­но­сти на се­ко­ја др­жа­ва од­дел­но. Це­лос­но згас­на­ти­от от­пор, на при­мер фран­цу­ски­от, пред на­ле­тот на гло­ба­ли­за­ци­ја­та, се­га доз­во­лу­ва ко­пи­ра­ни за­кон­ски ре­ше­ни­ја. Иа­ко на­силс­тво­то со кое се на­мет­на таа вол­ја е пре­сил­но за ка­кво и да е спро­тив­ста­ву­ва­ње со по­го­лем ефект, ре­зул­та­ти­те од из­бо­ри­те за со­ста­вот во Европ­ски­от пар­ла­мент и вр­те­ње­то на гр­бот на не­о­фи­ци­јал­на­та европ­ска хим­на мо­же да се раз­бе­рат и ка­ко нов ве­тер и кон овие пра­ша­ња.

 

Ли­бе­рал­на­та не­то­ле­ран­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја

Ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја во на­лет на без­и­деј­ност со пет­ни жи­ли са­ка да се при­ка­же ка­ко но­си­тел на про­гре­сив­ни­те идеи кои до­а­ѓа­ат од над­вор. Та­ка, во спро­тив­ност на оп­што­при­фа­те­ни­те вред­но­сти на гра­ѓа­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја, со агре­сив­ни на­ле­ти се спро­тив­ста­ву­ва на по­ли­ти­ки­те на кон­зер­ва­тив­ност. И на сè што е тра­ди­ци­о­нал­но, искон­ско, што е вол­ја на мно­зинс­тво­то. Реч­ни­кот што се ко­ри­сти во ко­му­ни­ка­ци­ја­та не оди по­да­ле­ку од ре­жим, от­пор, та­ли­банс­тво, но и ни­за дру­ги по­грд­ни збо­ро­ви кои, до­кол­ку се на­ве­дат, би го де­вал­ви­ра­ле овој текст. Се ис­ме­ва­ат се­меј­ни­те вред­но­сти, се не­ги­ра­ат под­др­шка­та на се­мејс­тво­то, сти­му­ла­ци­и­те за брак, за под­др­шка на мно­гу­дет­ни се­мејс­тва, за за­кон­ска рам­ка за абор­ти­ра­ње­то, за со­пи­ра­ње на не­га­тив­на­та стап­ка на раст на по­пу­ла­ци­ја­та.

Aktuelno97-3

Но, ток­му исти­от реч­ник се ко­ри­сти и кон тие што ја под­др­жу­ва­ат оваа по­ли­ти­ка за да се за­ста­не спро­ти „бе­ла­та чу­ма“, а не се дел од јав­ни­от жи­вот. Агре­сив­ност и ис­ме­ва­ње на нив­но­то по­чи­ту­ва­ње на тра­ди­ци­о­нал­ни­те ма­ке­дон­ски вред­но­сти и на­чин на жи­ве­е­ње. Агре­сив­ност и ис­ме­ва­ње со кои се по­са­ку­ва ефе­ктот ка­ко кај про­фе­сор­ка­та на по­че­то­кот на овој текст. Всуш­ност, отсус­тво­то на де­ба­та во Ма­ке­до­ни­ја се те­ме­ли ток­му на таа агре­сив­ност и аро­гант­ност на са­мо­на­ре­че­ни­те про­гре­сив­ци за се­то она што е раз­лич­но и по­и­на­кво од тоа што до­а­ѓа од над­вор, а на што тре­ба да му се пот­чи­ни­ме без по­го­вор.

Ма­ке­дон­ски­от тра­ди­ци­о­на­лен брак ка­ко за­ед­ни­ца ме­ѓу еден маж и ед­на же­на на­ско­ро ќе ста­не устав­на ка­те­го­ри­ја. Ка­ко што по­стои во по­ве­ќе нај­ви­со­ки за­кон­ски акти во све­тот, со наг­ла­се­на за­шти­та од ди­скри­ми­на­ци­ја на лу­ѓе­то со раз­лич­на се­ксу­ал­на ори­ен­та­ци­ја или на оние кои не би са­ка­ле вр­ска­та да ја де­фи­ни­ра­ат ка­ко брак. За да по­ми­не во Уста­вот, ќе би­дат по­треб­ни гла­со­ви­те на две тре­ти­ни од пра­те­ни­ци­те во Со­бра­ни­е­то.

За­кон­ско­то ре­ше­ние во ва­ков на­лет се чи­ни не­до­вол­но. До­де­ка пред по­ви­со­ки­те суд­ски те­ла се по­ста­ве­ни за­кон­ски­те ре­ше­ни­ја што про­из­ле­гоа од прет­ход­но на­ве­де­ни­те по­ли­ти­ки, ма­те­ма­ти­ка­та е про­ста. Бра­кот ме­ѓу маж и же­на ста­ну­ва устав­на ка­те­го­ри­ја за да ја реф­ле­кти­ра ре­ал­на­та вол­ја на јав­но­ста во Ма­ке­до­ни­ја. До­кол­ку не­кој во ид­ни­на са­ка да ја из­ме­ни, за тоа по­втор­но ќе му тре­ба по­ши­рок кон­сен­зус од јав­но­ста. За­кон­ско­то ре­ше­ние ќе мо­же да се сме­ни са­мо со че­ти­ри­е­се­ти­на гла­со­ви. До­кол­ку оста­не са­мо на таа број­ка, не­ма да ја одра­зу­ва ре­ал­на­та вол­ја на јав­но­ста, ту­ку са­мо на­ле­тот на агре­сив­ни­те „про­гре­сив­ни“ по­ли­ти­ки. И да, за да се за­шти­тат ток­му по­чи­ту­ва­чи­те на се­меј­ни­те вред­но­сти, а се под­ло­же­ни на те­рор.

Следува период кога низ све­тот ќе поч­не да се оза­ко­ну­ва сло­бод­но­то но­се­ње оруж­је, она­ка по аме­ри­кан­ски терк. Само да­ли и за тој тренд ќе се по­ка­жу­ва иста жел­ба и агре­сив­ност?

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 97. број на неделникот „Република“, 11.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top