| четврток, 6 декември 2018 |

Која храна е најскапа на светот?

храна

Сајтот „фајненсонлајн“ објави листа на најскапи специјалитети на светот. На листата на деликатеси се следниве гастрономски уживања:

– 12 овошки од семејството на манго кои ги има во Бризбејн, Австралија, на аукција се продадени за 50 илјади долари, односно секоја од нив чинела по 4.200 долари.

– Фритата од јастог тешка пола килограм прекриена со кавијар се продава за неверојатни 1.000 долари во њујоршкиот ресторан „Нормас“.

– Сирење од магарешко млеко кое се продава во Засавица, Србија чини 1.000 евра за килограм. За да се направи еден килограм сирење потребно е 25 литри млеко.

– Пастирска векна од пекарницата „Хобс Хаус“ чини 35 долари парче. Оваа векна се прави по рецепт стар 55 години.

– Алмас, вид редок кавијар се продава по цена од 25 илјади долари. Се служи во 24-каратна златна лименка. Има помала лименка која чини 1.250 долари. Се служи во „Кавијар хаус“ во Лондон.

– Ребра „вагји“ се добиваат од специјално одгледувани крави во Јапонија. Овие крави добиваат дури и масажа, за распоредот на масното ткиво и месото да бидат во одреден сооднос. Ребрата чинат 2.800 долари во ресторанот „Крафстек“ во Њујорк.

– Супата „Анки фу“ која се служи во ресторанот„Тиато“ во Санта Моника чини 5.000 долари. Се прави од вагји телешко, бели тартуфи, супа фоја гра, грав и тестенина со месо.

– Сендвичот „Бејкон блинг“ може да се купи за цена од 235 долари во Англија. Се подготува од специфична сланина, црни тартуфи, шафран, масло за јадење од тартуфи.

– Најскапото парче свадбена торта е она на војводата и војвотката од Виндздор од 1937 година која на аукција во „Сотби“ во Њујорк е продадено за 29 илјади долари.

– Шафран е најскапиот зачин кој се добива од сушени цветови од растението шафран. За пола килограм од овој зачин е потребно 75 илјади цветови. Затоа и не за изненадување дека таа количина шафран ќе ја платите 2.000 долари.

– Салата „Море и земја“ во хотелот „Хемпл“ во Лондон чини 1.000 долари. Познатиот готвач Рејмонд Бланк ја направил од кавијар, рендани тартуфи, комир, месо од краба и јастог и сето тоа е полиено со оцет балсамико стар 30 години.

– Тартуфите се еден од омилените состојки во луксузните ресторани. Еден килограм од овие печурки чини 3.000 долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top