| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилец тврди дека има 126 години

Jose-Aguinelo_2975685b

Еден Бразилец, чии родители биле робови од Африка, е можеби најстариот човек на светот. Тој неодамна доби извод од матичната книга на родените според кој тој има 126 години.

Хозе Агуинело дос Сантос е роден на 7 јули 1888 година, само два месеца откако е укинато ропството во Бразил. Овој самец, кој никогаш не се женел ниту пак имал деца, уште се движи без бастун, јаде четири оброци дневно и нема здравствени проблеми. Во последните 50 години пуши по една кутија цигари.

Хозе, познат меѓу пријателите како Зе, имал 26 години кога почнала Првата светска војна, а веќе бил пензионер кога кралицата Елизабета Втора била крунисана. Кога се родил Пеле, бразилската фудбалска легенда тој имал 52 години. Иако ропството било укиното, тој продолжил да живее во робовските бараки. Подоцна се преселил во Сао Пауло каде што работел на планатажите за кафе. Сега е жител на Домот за стари лица и ги развеслува цимерите со шеги и со песна. Не сака да се капе. Психологот во домот вели дека Хозе нема здравствени проблеми. Нема ниту холестерол, дијабетес, висок притисок.

Тим од стручни лица дошле во посета еден ден по неговиот роденден и го интервјуирал за неговите најрани сеќавања. Управата на Домот сега сака и научни да ја тестира неговата старост. Таков тест чини околу 15 илјади евра.

– Тоа е многу важно. Веруваме дека најстариот човек на светот живее тука и единствено со тестот може да го потврдиме тоа – рече претседателот на Домот Хозе Роберто Пирес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top