| четврток, 6 декември 2018 |

Популарното „омбре“ го заменува „сомбре“?

sombre-490x520

Популарното „омбре“ што изминативе неколку сезони владееше меѓу трендовите кога се работи за косата, повеќе не е ин. На негово место сега доаѓа нова техника под називот „сомбре“, која веќе стана хит помеѓу холивудските ѕвезди.

Како што кажува името, „сомбре“ е слично како „омбре“, само што е понежно и посуптилно. Косата исто така е посветла на краевите, но преминот е помалку впечатлив, што прави голема разлика во однос на „омбре“ бидејќи дава поприроден изглед.

Посветлите делови на косата со примената на оваа техника се поставени повисоко, особено околу лицето. Фризерите велат дека покрај тоа, многу е полесно да се постигне овој ефект отколку „омбре“.

Оваа фризура е совршена за русокоси девојки, но можат да го постигнат и бринетите со помош на нежно златни нијанси, како и со бои на мед и на карамела.

Меѓу ѕвездите што веќе се одлучија за оваа техника се Џесика Алба и Кара Делевињ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top