Природните непогоди како бури, поплави и зголемување на морското ниво се закана за здравјето и безбедноста на САД, предупреди американскиот претседател Барак Обама, повикувајќи ги локалните власти да се подготват за ефектот од климатските промени.
Обама истакна дека борбата со климатските промени и зајакнувањето на издржливоста на земјата во таа насока треба да бидат прашања, на кои ќе работат претставниците на двата политички табора во Конгресот.
– Климатските промени се директна закана за инфраструктурата на Америка, изјави Обама.
Тој најави доделување на кредити и нови федерални резерви за помош на единиците на локалната власт во борбата со климатските промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.