Владите на повеќе од 80 земји од светот и меѓународни организации денеска ги надминаа очекувањата на Србија и Босна и Херцеговина и за санација на штетите од пролетните поплави во овие земји донираа 1,8 милијарди евра,
јавува дописникот на МИА од Брисел.
Иако српскиот и босанскиот претседател, Томислав Николиќ, односно Бакир Изетбеговиќ, побараа околу 600 милиони за БиХ и 830 милиони евра за Србија, на денешната Донаторска конференција во Брисел, донаторите и ветија точно 809,2 милиони евра на Босна и Херцеговина, односно 995,2 милиони евра на Србија. Вкупните штети кои овие две змеји ги проценија изнесуваат околу две милијарди евра (БиХ), односно 1,5 милијарди евра (Србија).
Бугарската еврокомесарка за хуманитарна помош и одговор при кризи, Кристалина Георгиева, по завршувањето на конференцијата, соопшти дека како дополнение на овие средсва, постои и пакет од четири милиони евра за регионална поддршка и ветена помош од вкупно 1,84 милијарди евра.
– Денеска работевме добро. Суштинска порака од овие презентации е дека постои една сеопфатна работа која е пред нас за обнова на училишта, инфрастурктура, сточен фонд и на стопанскиот земјоделски сектор во овие две змеји. Овој процес треба да се насочиме кон тоа оти поплавите не познаваат граници и треба да се искористи подобра иднина – истакна еврокомесарката Георгиева.
Најголем донатор, според очекувањата е Европската унија, која преку еврокомесарот за проширување Штефан Филе соопшти дека донира вкупно 195 милиони евра за БиХ и Србија.
Притоа, 85 милиони евра за БиХ, а 80 милиони евра за Србија, додека 30 милиони евра ќе се дадат преку регионалните мерки за намирување на штетите.
Пет милиони долари е наменето за Србија од САД и 2,6 милиони долари за БиХ плус околу 7,5 милиони долари за итна хуманитарна помош во првата недела, психолошка поддршка за жителите. Велика Британија се обврза на 2,2 милиони евра понатамошна помош, додека Италија додели вкупно два милиони евра.
За наесен, најавена е нова донаторска конференција за санација на штетите од поплавите во двете балкански земји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
-
Од невидени поплави до топлотен бран – најмалку 6 починати во Јапонија