Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска изјави дека одговорноста за обнова од поплавите пред се е на Србија и на Босна и Херцеговина, кои треба да се вклучат во регионалните и европските програми на одбрана од природни катастрофи.
– Превенцијата е поевтина од санацијата по несреќите. Секогаш се исплатат инвестициите во превенцијатра, посочи Филе на отворање на Донаторската конференција за обнова на Србија и на БиХ по поплавите во мај. Тој наведе дека за шест месеци ќе се организира уште една конференција на која ќе се види што е направено од парите собрани денеска.
– За Европската конференција голема чест е што ја организира конференцијата, но одговорноста за примена на средствата е на корисниците, рече Филе. Предупреди дека поради глобалното затоплување може да се очекуваат природни катастрофи и затоа на регионално ниво треба да се направи систем на заштита.
– Србија и БиХ треба да се вклучат во европскиот систем за цивилна заштита, за да се усвои најдобрата пракса, да се хармонизираат процедурите со земјите-членки на ЕУ и на тој начин да се развијат капацитетите за сопствени механизми на заштита, истакна Филе.
Европската комесарка за хуманитарна помош и вонредни ситуации Кристалина Георгиева наведе дека Србија и БиХ не се сами во соочувањето со последиците од поплавите.
– Европа во последните 13 години имаше поплави колку за претходните 200, посочи Георгиева, додавајќи оти е уверена дека европските земји заедно можат успешно да се спротистават на секоја ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Босна ја тресе скандал: Функционер претепа жена на паркинг (видео)
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)


