| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Луиз: Никогаш не сум спиел со жена

Дваесетиседумгодишниот бразилски фудбалер Давид Луиз, не сака секс додека не се венча.

Луиз за тоа решил јавно да зборува.

– Јас сум чист. Никогаш не сум спиел со жена и тоа нема да се смени додека не стапам во брак – вели Луиз.

Тој решил да го поддржи ставот дека во бракот треба да се влезе „чист“, кога станува збор за сексуалното искуство, па се придружил кон кампањата „Бирам да чекам“, која промовира секс по склучување на брачниот завет пред Бог.

Давид Луиз веќе некое време се забавува со девојка за која дел од таблоидите јавија дека во завршницата од Мудијалот прифатила да се омажи за овој бразилски репрезентативец, но сепак оваа информација не е официјално потврдена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top