Најдобриот стрелец во историјата на чешкиот фудбал, Давид Лафата, блескаше вечерва во дрсеот на Спарта Прага и со 5 гола против Левадија Талин приреди редок подвиг.
Пражани победија со 7-0, а Лафата со хет-трик во првото полувреме најави сопствено и тимско гол-шоу во главниот град на Чешка. Во продолжението 32-годишниот напаѓач даде уште два гола, а сите 5 погодоци ги постигна во рок од еден час. Лафата беше заменет во 73. минута од натпреварот, што се играше во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Останатите два погодоци беа дело на гостинскиот играч Типуриќ, кој си даде автогол и на Прикрил.
Лафата со 134 погодоци е најдобар стрелец во историјата на чешката Прва Лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


