| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот стрелец на мундијалот стана „Крал“

Шпанскиот весник „АС“ објави дека Монако и Реал Мадрид се договориле за трансфер на најдобриот стрелец на Мундијалот во Бразил Хамес Родригез.

Според информациите на овој медиум трансферот на Колумбиецот на „Сантијаго Бернабеу“ изнесува 80 милиони евра, односно 70 милиони во „кеш“ плус Касемиро кој е проценет на 10 милиони.

Родригез во Реал Мадрид ќе има годишна плата во висина од 7,5 милиони евра.

Најдобриот стрелец на Светското првенство ќе биде второто големо засилување за Реал Мадрид ова лето, откако претходно германскиот репрезентативец од редовите на Баерн Минхен Тони Крос потврди дека следната сезона ќе го носи дресот на „Кралевите“.

Дел од парите за овие засилувања Реал Мадрид ќе ги обезбеди од продажбата на Сами Кедира на Арсенал, Анхел ди Марија на ПСЖ и Алваро Мората на Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top