| четврток, 6 декември 2018 |

Никој нејќе секс во вторник

Според истражувањата на најголемиот британскиот произведувач на секси играчки, „Lovehoney“, во летниот период сме многу сексуално поактивни, отколку во зима.

Како месец предводник на сексуалните активности се смета август, а на второ и трето место се јули, односно јуни.

Иако е месец на љубовта, февруари се најде на самото дно на листата. Научниците ова го обајснуваат со благата зимска депресија и влијанието на сонцето врз расположението.

Вторник е денот кога луѓето најмалку преферираат секс, а петок и сабота остануваат најпопуларни за таквите активности.

Дури 46% од жените признале, дека до односи доаѓаат само кога тие ќе покренат иницијатива за тоа, додека најчестиот изговор за избегнување на сексот останува уморот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top