| четврток, 6 декември 2018 |

Англиканската црква се согласи со назначување на жени за бискупи

Главниот синод на Англиканската црква на својата Конференција во Јорк се согласи да дозволи жените-свештеници да бидат назначувани за бискупи.

anglikanska crkva

Ова е првпат во повеќе од 500 години долгата историја на оваа Црква, да биде одобрено едно вакво радикално решение кое се означува како историски настан.

Станува збор за одлука со која се прекршува една традиција наследена уште од првите векови на христијанството дека само мажите имаат право да бидат именувани и поставувани за бискупи.

За ваквиот предлог на Конференцијата во Јорк гласаа две третини од членовите на Синодот. На последното вакво гласање, што се одржа во 2012 година, за предлогот за подршка на изборот на жени-бискупи, гласаа членовите на Советот на бискупите и свештениците, но тој беше блокиран од традиционалистите.

Надбискупот на Англиканската црква од Кантербери, Џастин Вилби изјави дека е задоволен од решението, иако делови од Синодот и натаму покажуваат длабоки резерви и противење.

Религиозни експерти објаснуваат дека Црквата првпат го признава значењето на секуларното општество за рамноправноста на половите.

Уште пред повеќе од 20 години, Англиканската црква дозволи жени да може да станат свештеници. Првите жени бискупи се очекува да бидат именувани пред крајот на оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top