Иако врските не треба да бидат извор на нервози, честите грешки што ги прават партнерите лесно стануваат извор на стрес. Ви откриваме што не би смееле да правите во врската за да го избегнете стресот.
Постојана грижа
Често се грижиме многу поради ситници и забораваме да уживаме. Додека вашиот партнер го живее животот ден за ден, вие веројатно правите планови за неколку недели, па дури и месеци однапред. Споделете ја грижата со него бидејќи сигурно тоа ќе ви помогне да се ослободите од стресот.
Детализирање
Жените многу повеќе внимание обрнуваат на ситници од мажите. Ако сакате да ги знаете сите детали и се да биде совршено, никогаш нема да бидете задоволни и тоа секогаш ќе ви биде извор на стрес.
Играње игри
Жените често се несвесни за игрите што ги играат со своите партнери, а кои лесно може да им се „одбијат од глава“. Затоа не трудете се да го наведете да ве праша нешто, туку прашајте го вие него. Не чекајте да се сети на нешто, а потоа да му приговарате ако заборави, туку едноставно кажете му.
Критикување
Повеќето луѓе тврдат дека сакаат критики бидејќи ги мотивираат да напредуваат. Но вистината е дека критиките може да бидат извор на стрес, особено ако се однесуваат на физичкиот изглед.
Претерани реакции
Веројатно ви се случило бурно да изреагирате на нешто што ви зборувало момчето и пред да заврши со објаснувањето. Спречете ја нервозата така што прво внимателно ќе сослушате што ви зборува. Можеби и нема причина да реагирате бурно, но тоа нема да го знаете ако не му дозволите да заврши со објаснувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



