| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сирија за три години загинале девет џихадисти од Албанија

Според последниот извештај на Упрвата на албанската полиција во изминатите три години на боиштата во Сирија животот го загубиле девет, а ранети биле шест албански државјани, кои се припадници на групата Џебхат Ал Нусра.

sirija buntovnici

Двајца од ранетите се вратиле во Албанија, тројца по лекувањето во Тирана повторно се вратиле на боиштата во Сирија, додека едниот од нив се уште се лекува во болница во Лариса во Грција.

Независно од официјалната бројка, според албанските медиуми, бројот на загинатите и ранети албански државјани е поголем.

Според официјалната бројка, најмногу загинати има од Косово дури 13, па од Македонија седум и од јужнот дел на Србија еден. Во Сирија и Ирак се борат најмалку петстотини Албанци од регионот на Балканот, а нивни лидер е Лавдерим Мухаџери(25) од косовскиот град Качаник, кој се смета за бастион на џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top