| четврток, 6 декември 2018 |

Руски бизнисмен ја купи најскапата куќа во Лондон

Контроверзниот руски бизнисмен Андреј Гончаренко ја купи најскапата градска вила во Велика Британија, која е понудена на продажба.

goncarenko

Се работи за Хановер лоџ, во ексклузивен кварт во Лондон, која го чинеше 120 милиони фунти. Со тоа во негова сопственост премина и четвртата лондонска архитектонска атракција.

Истрагата на неделното издание на „Дејли Меил“, покажа дека Гончаренко благодарение на низа офшор компании стана прикриен сопственик на зградата во Сент Џејмс стрит 50, во елитниот кварт Мејферт, која е продадена за 70 милиони фунти, вилата во Линдехерст роуд во Хампстед, која чинеше 41 милион фунти, како и на зградата на Итон сквер во Белгрејв, продадена за 15 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top