Велат дека ноктите се огледало на нашето здравје. На нив е можно да се забележат многу проблеми и болести, па затоа е важно да ги следите нивните промени.
Тенки нокти
Тенките нокти се најчестите знаци на анемија. Зголемете го внесувањето железо во организмот консумирајќи повеќе цвекло, брокула и спанаќ.
Бели нокти
Белите нокти може да укажуваат на повеќе работи, но најчесто се поврзани со проблеми со црниот дроб.
Кршливи нокти
Ноктите најчесто се кршат поради сувост. Мачкајте ги со добар крем за раце, масло за кутикулите и за ноктите и пијте многу вода.
Темни нокти
Ноктот кој одеднаш има темна дамка или линија дефинитивно треба да го прегледа лекар. Може да се работи за нешто незначително и лесно за лечење како габичка, но може да значи и меланом на кожата, предупредуваат експертите.
Сиви нокти
Ако ноктите ви имаат сивкаст сјај, тоа е индикација за слаба циркулација и за недостиг на кислород во крвта. Исто така, може да укажуваат на проблем со белите дробови или срцето, па добро е да посетите лекар.
Хоризонтални линии
На ноктите често може да се појават линии, а хоризонталните вдлабнатини укажуваат на стрес или претрпен шок.
Вертикални линии
Вертикалните линии на ноктите често доаѓаат со годините поради дехидрација. Повторно важи советот за хидратација со добар крем, но и за избегнување агресивни отстранувачи на лак.
Дебели нокти
Задебелените нокти често се знак на габички. Иако не е за паника, секако дека треба да се обратите на лекар или фармацевт за што поскоро решавање на тој проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2019 година!
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Ќе пливаат во пари – крајот на септември носи голема добивка за овие три хороскопски знаци
-
Овие три знаци ќе се збогатат во септември: Пари од сите страни, успех на работа…