Прекуграничната солидарност преку спасувачки операции и хуманитарна помош по поплавите во мај во БиХ, Србија и Хрватска, треба да биде помогната и со помош и финансирање од ЕУ, изјави претседателот на ЕП Мартин Шулц на отворањето
на втората јулска сесија на Парламентот денеска во Стразбур.
– Многу животи беа изгубени во поплавите, кои разурнаа речиси цел кварт во бугарскиот град Варна и доведоа до евакуирање на 150.000 лица во Хрватска. За обнова на земјоделството и локалната економија ќе бидат неопходни уште многу години, додаде Шулц.
Неуморните прекугранични напори за борба со последиците од поплавите во БиХ, Србија и Хрватска, земји од регион со остри конфликти во последните децении, треба да биде помогнато и со помош и финансирање од ЕУ, истакна тој.
Шулц наведе и дека напорите на Балканот во надминување на последиците од пролетните поплави, биле усложнети и од неексплодираните мини на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.