Постои добра причина да избегнувате навики како пушење, лоша храна, долготрајно седење и опивање. Имено, овие пороци можат да ви го скратат животот за дури десет години, покажа швајцарска студија објавена во списанието „Превентивна медицина“.
Истражувачите од Универзитетот во Цирих следеле речиси 17.000 луѓе во текот на 16 години и откриле дека нивното очекувано траење на животниот век значително го намалува доколку пушат, се хранат неквалитетно, не вежбаат и пијат алкохол.
На пример, жена во 75-та година од животот има шанса да проживее уште десет години доколку водела поздрав начин на жовот, но шансите за тоа се намалуваат за над 60 отсто, доколку живеела порочно.
Од сите овие ризични фактори, пушењето е најштетно. Друга 30-годишна студија објавена во весникот „PLOS Medicine“ покажала, меѓутоа, дека животот со педесет килограми вишок може да биде покус од животот на пушач кој не е дебел.
Екстремната дебелина, која се дефинира со индекс на телесна маса над 40, може да го скуси нормалното траење на животот за дури 14 години, поради срцеви заболувања, канцер, дијабетес и други хронични состојби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јадете повеќе од овој оброк и ќе живеете подолго: Најздравото јадење е прилично евтино
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата