Најновото истражување покажа дека жените што се среќни и задоволни во моменталната врска или во бракот, на друг маж не му подаруваат внимание – колку и да е тој привлечен.
И претходни студии покажаа дека жените на паѓаат на изгледот на згодните мажи ако веќе се среќни во врска.
Во склоп на истражувањето научниците спровеле три експерименти во кои жените го оценувале физичкиот изглед на привлечни мажи врз основа на фотографии. Жените што биле во врска ги запаметиле негативните страни на мажите што ги виделе на фотографиите, независно од привлечноста на мажот.
Социолозите што работеа на истражувањето појаснија за магазинот „Personal Relationships“ дека нивните откритија се однесуваат на оние жени што се задоволни во врските. Оние што не се среќни со своите мажи ги забележувале позитивните карактеристики на мажите на фотографиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.