Во Македонија во мај годинава се регистрирани 76.419 туристи и 171.097 ноќевања. Во однос на мај лани имало за 13,1 процент повеќе туристи и за 12,5 проценти повеќе ноќевања, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во мај годинава споредено со мај лани за 13 проценти е зголемен бројот и на домашните и на странските туристи. Кај ноќевањата на домашните туристи има зголемување за 9,8 проценти, а кај странските за 14,3 проценти.
Во периодот јануари-мај 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,7 проценти, кај домашните туристи за 9,9 проценти, а кај странските за 4,8 проценти. Во првите пет месеци од годинава е евидентирано зголемување
на ноќевањата за 5,7 проценти, кај домашните туристи за 5,4 проценти, а кај странските за 5,9 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод