| четврток, 6 декември 2018 |

Нуланд: САД силно ќе го поддржуваат процесот во ОН за решавање на проблемот со името

VIKTORIJA-NULAND-SO-GRUEVSKI-3

САД силно ќе продолжат да го поддржуваат процесот во ОН за решавање на проблемот со името со цел Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и во Европската унија. Ова го истакна американскиот помошник на државниот секретар за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд, во изјава по средбата со премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на прашање дали проширувањето сѐ уште останува приоритет за НАТО, Нуланд рече секако, нагласувајќи дека тоа особено се однесува за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top