| четврток, 6 декември 2018 |

Случај „Ровер“: Љубе Бошковски со свое шоу во судницата (ФОТО)

Вистинско шоу се случи во судницата на повтореното судење за случајот „Ровер“ во кој еден од обвинетите е Љубе Бошковски, јавува Телеграф. 

sudenje

ФОТО: Влатко Перковски (Телеграф.мк)

Во моментот кога судијата им дозволи на фоторепортерите и на снимателите да направат инсерти, Бошковски на шега рекол дека е време да направи една фотографија од себе.

Бошковски по втор пат е на обвинитената клупа за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев во 2001 година. Претходно, тој доби 12 години затвор од првостепениот суд, но скопска Апелација ја укина пресудата и предметот го врати повторно на судење во основниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top