| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка им продава 14 борбени авиони на САД

Чешкото Министерство за одбрана со домашната компанија „Аеро Водоходи“ потпиша договор за посредување за продажба на 14 борбени авиони „Л-159“.

Su-24 avion

Како што јави дописникот на МИА од Прага, од авионите кои подоцна ќе бидат продадени на американската фирма „Дрејкен интернешнл“, чешката Армија се обидува да се ослободи веќе неколку години, со образложение дека не ѝ се потребни.

Цената која треба да ја платат САД ќе биде точно утврдена по техничкиот преглед на леталата, а се движи од 8,2 до 9,2 милиони евра.

„Дрејкен интернешнл“ со договорот добива можност за купување дополнителни 14 авиони од истиот тип.
Според чешкиот министер за одбрана, Мартин Стропницки, овој број може да биде намален доколку се оствари интересот на Ирак за купување на 15 авиони „Л-159“.

Стропницки денешниот договор го означи како историски бидејќи, како што рече, овие авиони претставувале „кошмар“ за Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top