| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна акција на Стопанска банка – „Подари насмевка“

По повод 70-годишнината од постоењето на Стопанска банка, изминатиот викенд во неколку градови низ Македонија беа одржани различни настани како дел од големата хуманитарна акција „Подари насмевка“.

Во саботата на Женската плажа во Струга голем број млади стружани, како и туристи од земјава, се забавува со групата „Саут парк“ и диџеј Илина Ангел и ја подарија својата насмевка на фотототемите поставени за таа цел.

koncert

 

Во неделата во Домот на културата во Охрид  се одржа претставата „Волкот и трите прасиња“ во изведба на театарски и балетски уметници, која ги воодушеви најмладите, додека пензионерите уживаа во игранката со Драган Мијалковски, потсетувајќи се на своите убави животни моменти.

Penzionerska igranka

Хуманитарната акција „Подари насмевкаˮ ќе трае во текот на целото лето, во неа може да се вклучи секој хуман граѓанин кој има желба да помогне, и тоа со едноставно подарување на својата насмевка.

Учеството е многу едноставно! Потребно е само да ја посетите фан страницата на Стопанска банка на „Фејсбук“, да ги следите упатствата и да креирате или да прикачите своја постојна фотографија како се насмевнувате.

Бројот на насмевки кои едно лице може да ги подари е неограничен, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Стопанска банка ќе донира во детските здравствени центри низ Македонија.

Насмевка може да се дарува и на веб-банерите поставени на најпосетуваните интернет страници, следејќи ги упатствата на екранот или, пак, на фотототемите поставени во филијалите на Стопанска банка. Треба само да се следат упатствата испишани на екранот и едноставно да се насмевнете со вашата најубава насмевка.

Насмевката е универзален јазик на добрината, подари ја!

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top