ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство денеска за прв пат почна со примена на современата 3Д лапароскопска технологија.
Според директорката на скопска Гинекологија Марија Хаџи- Лега лапароскопската хирургија претставува златен стандард во третманот и на најтешките гинеколошки заболувања, а со воведувањето на 3Д технологијата, се овозможува многу поголема прецизност во изведувањето на самата интервенција.
Со цел промовирање на 3Д технологијата, денеска, во соработка со словенечки лекари, ќе бидат изведени и првите оперативни зафати.
-Драго ми е што добив прилика да дојдам во Скопје на оваа клиника и да покренеме некоја соработка. Веќе направивме една операција со оваа 3Д техника, кој е значаен чекор напред и овозможува не само тешки и понапредни опреации, туку и колегите кои доста добро почнаа со лапароскопијата побрзо да ја усовршат техниката и да го скратат времето на учење на минимум, бидејќи токму тој 3Д овозможува длабочина на видот и операција која може побрзо да се направи и подобро да се научи – истакна словенечкиот доктор, Леон Меглиќ.
Современата опрема е обезбедена со средства од сопствениот буџет на клиниката и чини околу 4 и пол милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.