Една жена од сојузната држава Мисури, која цел живот својата годишнина од бракот ја прославувала со својот сопруг во ресторанот „Misuri red lobster”, дури 31 година по ред, сѐ додека нејзиниот сопруг не починал од рак, наместо сметка од келнерот добила порака, која ја расплакала.
Иако нејзиниот сопруг починал во март годинава, таа одлучила да не ја прекинува традицијата, па и оваа година решила да отиде на вечера во ресторанот, но со нејзината ќерка.
– Жал ни е што вашиот сопруг починал, но ние ја цениме вашата лојалност и тоа што 31 година поминавте со нас, и дури ни на крај не се откажавте од тоа. Во знак на благодарност, куќата чести!
Се надеваме и би сакале и наредната годишнина да ја прославите со нас!
Искрено,
„Red lobster“ и вашиот келнер Тејлор
Оваа порака која стана апсолутен хит на интернет ја споделила нејзината ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст