ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство почнува со примена на современата 3Д лапароскопска технологија.
Овозможувајќи минимална инвазивна хирургија, 3Д технологијата станува „златен стандард“ во третманот и на најтешките гинеколошки заболувања. Во споредба со 2Д, нуди подобра визуелизација и супериорен квалитет на сликата со перцепција на длабочина на оперативното поле. Воедно има предности за искусни лапароскописти (подобри перформанси во изведување посложени хируршки процедури), како и за оние што почнуваат со лапароскопијата (скратена крива на учење).
Клиниката, како што соопшти, ја обезбеди современата опрема со средства од сопствениот буџет, а со цел промовирање на 3Д технологијата, денеска, во соработка со словенечки лекари, ќе бидат изведени и првите оперативни зафати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



