| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната нето плата за декември 21.469 денари

devalvacija-denar-PARI-BANK-e1356954476146

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во декември 2012 година изнесува 21.469 денари и е за 0,3 отсто поголема во споредба со декември 2011 година, а износот на бруто платата е 31.466 денари или за 0,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2011 соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на нето платата се должи на поголемите исплатени плати во секторите земјоделство, шумарство и рибарство за 4 отсто, информации и комуникации 3,8 и дејности на здравствена и социјална заштита 3,5 отсто, а кај бруто платата во секторите информации и комуникации за 4,4 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство 4,2 и дејности на здравствена и социјална заштита 3,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на ноември 2012, е забележано во секторите информации и комуникации од 45,8 отсто, Трговија на големи и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 7,9 и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 6,5 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top