| четврток, 6 декември 2018 |

На жените не им пречи ако е краток, им пречи нешто поважно

Истражувањето на Универзитетот во Цирих покажува дека на жените не им пречи ако сексот трае пократко. Но, многу им пречи нешто друго.

Истражувањето е спроведено преку анкетирање на 1500 жени од Мексико, Италија и Јужна Кореја. Резултатот покажува дека на жените не им е важно колку долго трае сексот, но ги фрустрира кога мажите се толку фокусирани на одложување на ејакулацијата, што ги забораваат и ги занемаруваат потребите на партнерката.

Како резултат на тоа, мажот ги игнорира женските сексуални потреби и не успева да ги задоволи нејзините желби, се вели во истражувањето.

Кога премногу размислувате за крајот на сексуалниот одност, многу лесно можете да ги занемарите стимулативните потези како што се бакнувањето и допирите, фактори што анкетираните жени ги навеле како најважни за нивното задоволство во креветот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top