Русија ја зголемува контролата над арктичката воздушна граница. Според плановите на Министерството за одбрана на РФ во текот на оваа година ќе бидат изградени пунктови за ПВО и за наведување на борбената авијација, на брегот на Северниот леден океан. Обновувањето на инфраструктурата на ПВО на арктичките острови ќе се заврши на есен во 2015 година.
Се планира во најскоро време на арктичките острови да се изградат пет стационирани објекти за радиолокација и пунктови за наводување на авијацијата: на островот Средни во архипелагот на Северните земји, на островот Александрина земја во архипелагот Земја на Франц Јосиф, на Врангеловиот остров, на ртот Шмит и на Јужниот остров на архипелагот Нова земја. Во секоја точка ќе се појави радат за ПВО и диспечерски пункт за контрола на летови, како на цивилната така и на воената авијација. Сите информации за движењето во воздушниот простор над брегот на Арткикот ќе се пренесуваат во командниот пункт на ПВО во Московската област. Бидејќи на мраз нема копнена војска, а бродовите тешко можад да продрат низ океанот, воениот отсек ја решава задачата за националната одбрана во регионот со помош на авијацијата, истакна директорот на Центарот за општествено-политички истражувања Владимир Јевсејев:
– Не мислам дека треба да се подготвуваме за големи борбени дејствија во арктичката зона. Но, на сите наши соседи и партнери треба да биде јасно дека Русија е подготвена, ако биде потребно, да ги брани своите позиции на арктичките граници. Ако гледаме хипотетички, воздушен или ракетен удар по Русија, во случај тој да потекне на пример од САД, ракетите ќе полетуваат токму од север, т.е. од насока на полот. Бидејќи тоа е најкус пат, можно е таму да полетаат и авиони, на пример, стратешки бомбардери. Поради тоа за Русија е важно да ја контролира арктичката зона.
Во времето на СССР точките на ПВО и управувањето со воената авијација се наоѓаа на целиот северен брег на земјата. Меѓутоа, многу од нив војската ги напушти во 1990-тите години. Арктичкиот правец стана најранлив. Во сегашните геополитички услови, имајќи го предвид се поголемиот интерес на разни земји за природните богатства на арктичкото подводно копно, тоа е недозволена состојба, истакна директорот на Центарот за општествено-политички истражувања Владимир Јевсејев:
– Засилувањето на руската контрола над воздушниот простор во арктичката зона пред се е условено со тоа што во регионот почнува активно вадење на различни ресурси од подводното копно, а исто така се зголемува движењето на бродовите по Северенот морски пат. Притоа интерес за арктичката зона искажуваат и многу држави од кои ни од далеку немаат сите излез кон Северниот леден океан. Постојат обиди за нелегален продор во оваа зона, меѓу другото од САД. Од оваа гледна точка, многу важно е не само Русија да ги декларира своите права на копно под вода, туку и да може да осигура безбедност во арктичката зона.
Во последно време на Арктикот се почесто се појавуваат воени сили на земјите на НАТО. Меѓу другото, алијансата во 2012 година во северна Новрешка направија обука Cold Response во која учествуваа 16.000 војници од 16 земји. Беа ангажирани единици на флота на воената морнарица и авијација. Во март 2014 година воената морнарица на САД изврши обука Ice Exercise, лоцирајќи логор на плутачка санта мраз во Северниот леден океан. Во вежбата учествуваше и подморницата.
Русија претендира на дел од копното под море со гребените Мендељев и Ломоносов.
До крајот на 2014 година научниците треба да соберат докази дека овие гребени претставуваат продолжение на континенталниот дел под вода на Русија и на ОН да предадат молба за проширување на руската јурисдикција. Во март оваа година комисијата на ОН за границите на континенталниот дел под вода, призна дека енклавата на Охотското Море со површина од 52.000 квадратни километри, претставува дел од руска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


