Автомобил излета попладнево од магистралниот пат што води кон туристичките места на охридското источно крајбрежје и удри во зградата каде е сместена дирекцијата на МЈП „Проаква“ – јави охридско Супер Радио
Според првичните информации од СВР Охрид, се работи за автомобил марка „Сеат“, кој се движел од десната страна на патот во правец кон плажите.
Во автомобилот бил само возачот, кој, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во еден момент изгубил контрола над возилото и излетал од патот, но засега не се утврдени причините поради кои дошло до незгодата.
– Возачот заработи полесни телесни повреди и не е во животна опасност, изјави Димоски за Супер радио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.