| четврток, 6 декември 2018 |

Нов контингент на АРМ во Авганистан

Со 14-та ротација на мировници во Авганистан, во која има 157 војници на АРМ, продолжува мисијата на Македонија во оваа земја во рамките на ИСАФ. Денес за ова ќе се одржи свеченост во касарната Јане Сандански во Штип, каде обраќање ќе има министерот за одбрана, Фатмир Бесими.

Во оваа мисија АРМ учествува со механизирана пешадиска чета. Во Авганистан ќе заминат 157 припадници на АРМ од кои 150 се припадници на механизираната пешадиска чета, двајца штабни офицери во командата на ИСАФ и пет припадници на АРМ во составот на наменските сили за партнерство и советување. „Скорпиите“ од 1. механизирана пешадиска бригада  во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top