| четврток, 6 декември 2018 |

Галичник – место каде што се раѓа љубовта

Денеска е 13 јули, Павловден, а селото повторно беше полно со луѓе, дојдени од секаде, да присустуваат на најавтентичната македонска свадба. Стари и млади галичани, потомци чии вредни дедовци и прадедовци го прославиле ова село, нивни гости, пријатели, роднини дојдоа да уживаа во венчавката, да ги видат обичаите, да се напијат студена планинска вода...

Galicka svadba 2014 16 (Custom)

Црквата Свети Петар и Павле во Галичник беше претесна да ги прими гостите и посетителите кои дојдоа да ја слават љубовта меѓу Ана Гареска и Иван Сариевски и Стефан Куковски и Маргарита Ивановска, кои денеска се венчаа на Галичката свадба. Првпат од возобнувањето на традиционалната свадба во едно од најпознатите села во Западна Македонија се случија две венчавки. Тоа не е невообичаено за минатото, кога на Петровден во Галичник, кога селото се уште било живо имало и по 50 венчавања. Со оваа двојна веселба се прати порака да се слави љубовта.

Galicka svadba 2014 17 (Custom)

Денеска е 13 јули, Павловден, а селото повторно беше полно со луѓе, дојдени од секаде, да присустуваат на најавтентичната македонска свадба. Стари и млади галичани, потомци чии вредни дедовци и прадедовци го прославиле ова село, нивни гости, пријатели, роднини дојдоа да уживаа во венчавката, да ги видат обичаите, да се напијат студена планинска вода…

Galicka svadba 2014 13 (Custom)

– Галичник е местото каде што се раѓа љубовта. Јас и Стефан се запознавме во Скопје, но нашата љубов се разви во Галичник. Затоа сакам ова место да го направиме храм на нашата љубов – вели Ивановска, која сега веќе се презива Куковска.

Galicka svadba 2014 05 (Custom)

Пред неколку илјадната публика, на платото беа изведени обичајот бричење на зетот, на строј, кршење на „шутката“, невестата го заигра невестинското оро и други обичаи.

– Секој агол од Галичник е посебен. Секое камче, патче и агол дише од спомени и од убави мигови од најраното детство, па досега. Ние не се запознавме во Галичник, но на различен начин сега одново заедно го доживуваме, создаваме нови спомени – вели Ана Гареска, сега веќе Сариевска.

Galicka svadba 2014 23 (Custom)

На платото пред чешмата Упија, играорците на „Фолклорни бисери“ од Скопје, ги ориграа ората „Тешкото“, симболот на непокорот и пркосот на македонскиот народ и желбата да се изборат за подобар живот, како и „Невестинското“ и „Манукот“.

фото: Игор Ангеловски

Galicka svadba 2014 21 (Custom)

Galicka svadba 2014 24 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top