Освежувањата во новиот автомобил се однесуваат на браниците, новата предна хауба, но и на модерните предни светилки,кои се помали и со изострен облик. Новиот „фокус ST“, исто така, доби и нови редизајнирани светилки за магла, како и нови 18-ични алуминумски бандажи.
Во кокпитот се направени скромни измени, кои вклучуваат нов облик на воланот, кој има рамен долен дел, редизајнирана централна конзола и подобрени контроли за клима-уредот.
Во понудата се наоѓаат два нови мотора. Бензинскиот агрегат е со зафатнина од 2,0 литри и произведува 250 коњски сили и 360 њутн-метри вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час изнесува 6,5 секунди и достигнува максимална брзина од 247 километри на час. Благодарејќи на новиот старт-стоп систем автомобилот ќе троши просечни 6,8 литри на 100 километри, со емисија на штетни гасови од 158 грама на еден километар.
Вториот мотор работи на дизел-гориво со 2,0 литри, 185 коњски сили и 400 њутн-метри обртен момент. Тоа е доволно за забрзување до 100 километри на час за 8,1 секунди и максимална брзина од 217 километри на час. Овој мотор е поекономичен и троши само 4,4 литри на 100 километри, со емисија на штетни гасови од 114 грама на еден километар.
Освежениот „фокус ST“ доби нови спротски амортизери за подобро приспособување на подлогата. Дограден е и сервосистем за управувачот како и систем за контрола на вртежниот момент, кој го котролира преносот на силата на предните тркала.
Новина е системот за електронски пренос на стабилноста, кој се грижи за сигурноста и за управливоста при нагла промена на правецот.
„Форд фокус ST“ ќе може да се нарачува од оваа есен, а првите модели на европскиот пазар ќе пристигнат на почетокот на 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст