| четврток, 6 декември 2018 |

Загина параглајдерист кај Љубаништа

Параглајдерист од Унгарија денеска почина откако падна во водите на Охридското езеро, во близина на плажата кај Љубаништа.

СВР Охрид ја потврди информацијата дека параглајдерист од Унгарија, на возраст од триесетина години, денеска околу 13 часот паднал во близина на автокампот Љубаништа и како последица на тоа починал.

Екипи на крим-техника на МВР и Јавното обвинителство во Охрид се на терен и вршат увид на местото на несреќата.
Вообичаена рута за летање на параглајдеристите е од врвот на Галичица до Љубаништа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top