Со едно минутно молчење започна Комеморацијата во чест на трагично загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР, кои во четвртокот вечерта ги загубија животите при пад на хеликоптерот со кој пилотирале во близина на Струмица.
Во хеликоптерската несреќа животот го загубија Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков.
На комеморативната седница освен семејствата и роднините на загинатите присуствуваа бројни припадници на МВР, Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, директорот на БЈБ -Митко Чавков, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија- Горанчо Котески, Министерот за странски инвестиции -Веле Самак и уште многу други.
Поради трагичната хеликоптерска несреќа Владата на Република Македонија донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија.
Фото: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.