Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случила во Ѓорче Петров.
Од полицијата информираат дека околу 4:15 часот на ул.„Ѓорче Петров“ дошло до судар меѓу комбе„Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(29), комбе „Ивеко“со скопски регистарски ознаки управувано од М.Н.(37) и автомобил „Цитроен“со скопски регистарски ознаки.
На лице место починал Тони С.(33) од Скопје кој управувал со „Цитроенот“, додека Д.Ј.(35), од истиот автомобил се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје.
Возачите на двете комбиња се здобиле со телесни повреди и на двајцата им е укажана лекарска помош во ГОБ-Скопје, при што М.Н. е пуштен на домашно лекување додека И.М. е задржан за понатамшно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.