| четврток, 6 декември 2018 |

Десет најчитани книги на сите времиња

knjiga

Писателот Џејмс Чепман направи листа на 10 најчитани книги во светот во последните 50 години. Ранг-листата покажува број на продадени, не на печатени примероци.

1. Библијата – 3,9 милијарди примерови

2. Цитати на Мао Це-тунг – Од Мао Це Тунг 820 милиони примероци

Оваа книга е позната и под името „Малата црвена книга“ и ја објаснува идеологијата на кинеската комунистичка партија.

3. Хари Потер од Џ.К. Роулунг – 400 милиони примероци

Серијата од седум ромни за кратко време го освои светот. Приказната за малиот волшебник Хари Потер и неговите пријатели Хермиона и Рон има и филмска екранизација во осум филма кои исто така ја одушевија публиката.

4. Господар на прстените – Џ.Р.Р. Толкин – 103 милиони примероци

Научно-фантастичната прикзна за Средоземјето, доброто и злото, за џуџињата и луѓето, самовилите и хобитите, за орките и гоблините и прстенот. И оваа сага доби филмска екранизација во три дела.

5. Алхемичарот – Паоло Коелјо – 65 милиони примероци

Бестселерот и денес е многу читана книга, а со својата мистика и силни зборови се обидува да даде одговор на важни животни прашања.

6. Кодот на Да Винчи – Ден Браун, 57 милиони примероци

Контроверзниот роман кој се темели на фиктивна приказна за тоа како Исус Христос бил во брак со Марија Магдалена. Верниците ја нападнаа оваа приказна.

7. Ноќна сага – Стефани Мејер – 43 милиони примероци

Љубовна приказна меѓу Бел Свон и Едвард Кулен, бесмртен вампир во последните години го грееше срцето на младите низ светот.

8. Однесено со ветерот – Маргарет Мичел – 33 милиони примероци

Една постара книга која исто така е претворена во многу успешен филм. Оваа новела освои и Пулицерова награда, а нејзината филмска екранизација – „Оскар“.

9. Мисли и збогати се – Наполен Хил – 30 милиони примероци

Мотивациска книга за самопомош инспирирана од приказни и совети добиени од еден американски милијадер.

10 Дневникот на Ана Франк – Ана Франк, 27 милиони примероци

Новела напишана од Ана Франк за време на двегодишното криење за време на германската окупација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top