Српскиот шеф на диломатијата Ивица Дачиќ го осуди од Дубровник бомбардирањето на хрватскиот град во војната во деведесетите години.
-Се надевам дека сношти малку повеќе допринесовме за зближување на нашите народи и тоа тука во Дубровник кој беше цел на бомбардирање и уништување, што Србија, секако, го осудува- посочи Дачиќ на дветиот Кроација форум.
Тој е прв претставник на Србија кој јасно ги осуди нападите на поранешната ЈНА и српските и црногорските паравоени сили на градо под заштиита н УНЕСКО, додава хрватската ХИНА.
Весна Пушиќ, хрватската министерка за надворешни работи, оцени дека тоа е доказ за „драматичните промени“ во меѓусебните односи, но и „еден елемент кој покажува во колкава мерка драстично се смениле односите во регионот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.