Легендарниот австралиски пливач и петтократен олимписки шамион Јан Торп призна дека е хомосексуалец.
Сиднејскиот весник „Дејли Телеграф“ пишува дека Торп во интервју за Канал 10 ја открил својата сексуална ориентација.
Австралискиот пливач има освоено 11 титули на светски првак и 13 пати ги уривал светските рекорди. Со пливање професионално престанал да се занимава во ноември 2006 година.
Во текот на кариерата често морал да докажува дека не е хомосексуалец, иако излегувал со жени.
Торп веќе подолго време има проблеми со депресија, во февруари бил примен на рехабилитација, бидејќи користел антидепресиви и лекови против болките од повреда на рамото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.