Томи Рамон, тапанар и последен преживеан член на познатиот американски панк-рок бенд „Рамонс“ почина денеска во Њујорк на 65-годишна возраст од рак на желудник.
Веста за смртта ја потврди неговиот соработник Дејв Фреј, директор на компанијата „Рамонс продакшн“, која ги контролира авторските права на групата. Други информации засега не се соопштени.
Рамон, роден како Томаш Јердеи во Будимпешта, бил основач на бендот и негов тапанар од 1974 до 1978 година. Тој беше последниот преживеан член на оригиналниот квартет во кој беа гитаристот Џони, пејачот Џои и басистот Ди Ди. Сите членови имаа уметнички имиња и заедничко презиме – Рамон.
Њујоршкиот бенд познат по долгите коси, црните кожни јакни, искинатите фармерки и патики изврши огромно влијание врз панк рокерите во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.