Во текот на наредните десет години, месото од птици ќе биде најпопуларен месен производ, како што досега беше свинското, се наведува во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство ФАО и Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД.
Житариците се уште се основа на она што луѓето го јадат, но прехраната станува побогата со протеини, маснотии и шеќер во многу делови на светот, паралелно со растот на приходите и зголемената урбанизација.
Во извештајот се вели дека до 2023 година ќе падне глобалната цена на житариците, додека ќе пораснат цените на шеќерот, млечните производи, месо и риба. Исто така, се наведува дека цената на говедското ќе достигне рекордно ниво, а пилешкото месо ќе стане најконзумиран месен производ во идните десет години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.