| четврток, 6 декември 2018 |

Продавачка бркала арамија

makedonska-policija

Педесет и седум годишна продавачка во киоск трчала по арамија што и украл една штека со цигари, но напасникот успеал да избега откако ја турнал жената кога таа го стигнала, вчера вечер во Скопје.

МВР јави дека околу околу 18,15 часот, на улица Ѓорче Петров, непознат сторител од киоск  “Козак-Кико ДООЕЛ“,,  одзел една штека цигари “Марлборо“ и се дал во бегство, при што вработената  З.П.(57) со трчање успеала да  го стигне. Кога жената се обидела да му  ја  одземе штеката  цигари, крадецот насилно ја отурнал  и со трчање  се оддалечил .

Од страна на СВР Скопје по превземени мерки пронајден е крадецот. Станува збор за Б.З.(22) од Скопје, кој и порано е пријавуван  за кривични дела од имотната област, против кого  по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top