| четврток, 6 декември 2018 |

Јаболкото го зголемува сексуалното задоволство

Јаболко на ден го држи лекарот подалеку, но ова овошје прави многу повеќе од тоа.

Едно јаболко на ден го зголемува сексуалното задоволство кај жените. Научниците пронашле врска помеѓу подобрената сексуална функција кај здравите жени и редовното секојдневно консумирање јаболки.

Научниците испитувале 731 здрава Италијанка на возраст меѓу 18 и 43 години. Сите учеснички биле замолени да посочат колку често консумираат јаболка и да раскажат за другите навики во исхраната. Потоа тие биле поделени на две групи – во едната група учесничките консумирале редовно јаболки со повеќе од едно јаболко на ден, а во другата група учесничките јаделе помалку од едно јаболко на ден.

Потоа учесничките биле замолени да одговорат на 19 прашања за сексуална активност, вклучувајќи ја фреквенцијата и целокупното задоволство и на тој начин бил определен индексот на нивната сексуална функција.

Било утврдено дека консумирањето повеќе од едно едно јаболко на ден го зголемува индексот на сексуалната функција, што значи и зголемено задоволство од сексот. Научниците сметаат дека причината за тоа е дека јаболките ја содржат супстанцата флоридзин, која игра важна улога во женската сексуалност и вагиналната влажност. Тој игра голема улога за сексуалната возбуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top